ПСУ "Јахја Кемал" од Р.С. Македонија беше дел од меѓународниот настан Годишен форум за храна и социјална вклученост - Дијалог помеѓу европските институции и конкретните практики низ Европа организирано од страна на ФЕБА - Европска конфедерација на банки за храна што се одржа на 18 ноември 2019 година во Европскиот парламент во Брисел,
Воведен говор на настанот во Брисел одржа членот на Европксиот парламент Г-дин Брандо Бенифеи. Во дискусијата учество земаа и г-дин Лорис Ди Пиетроантонио од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и инклузија, г-ѓа Ангела Григо од Европската федерација на банки за храна, како и претставници на национални организации од оваа област од Италија, Шпанија, Ирска, Естонија.
Завршни говори и заклучоци за понатамошното делување имаа представниците на Европската федерација на банки за храна Жак Ванденшрик и член на Европскиот парламент Давид Каса.
Во името на ПСУ "Јахја Кемал" на годишниот форум за храна и социјална инклузија во Брисел учествуваше директорот на основното училиште г-дин Исмаил Ердил и г-дин Сурија Таук директорот за односи со јавноста.