Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, денеска во Скопје ќе ја одржи петтата седница на која ќе стане збор за продлабочување на процесот на децентрализација и за буџетот за 2020 година.
Како што е најавено, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов ќе информира до каде е реализацијата на новиот предлог-концепт на ЗЕЛС за унапредување на системот на локалната власт што оди во три насоки: фискалната децентрализација; проширувањето на надлежностите на ЕЛС и промени во организацијата на локалната власт. Генералниот став на ЗЕЛС, посочуваат, е заедничка заложба за продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта во земјава.
Делегати на Генералното собрание, кое е највисокото тело на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, се градоначалниците и членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС. вг/бак/
https://utrinskivesnik.mk/%d1%85%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%86%d0%b5%d1%80%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82/