MEDIA NEWS

HASHTAG.MK | Има 12 години и неверојатен талент: Интервју со најуспешниот млад шахист Антон

HASHTAG.MK | Има 12 години и неверојатен талент: Интервју со најуспешниот млад шахист Антон

Доколку сте љубител на шахот, 12 – годишниот Антон Златков може да го најдете пред таблата со 64 црно – бели полиња. Од својата 7 – ма година, овој млад ученик во 7 одделение се натпреварува на домашни и меѓународни турнири, каде има освоено многу награди. Учи во ПОУ „Јахја Кемал“, а освен наградите и признанијата веќе втора година е стипендист на Агенцијата за млади и спорт на Македонија. Тој за нишиот портал откри кој го открил неговиот талент, но и неколку интересни работи кои можеби ќе ве поттикнат ако ништо друго, барем рекреативно да играте по една партија шах.

Што е она што поттикна еден млад човек како тебе да се занива со овој спорт?

Како мал многу сакав да играм игри како што се: Сложувалка, Меморија, Логички Задачи итн. Шахот го засакав затоа што е спој на сите тие игри.

Од колку години се занимаваш со шахот?

На 6 години дедо ми Ѓорги ме научи се за шаховските фигури и по кои правилата се игра шахот, а на 7 години татко миДимитар ме зачлени во шаховскиот клуб Гамбит Ассеко-СЕЕ, каде што почнав да тренирам под менторство на наставниците и интернационални мајстори Орце Данчевски и Марјан Митков.

Кој ти ја пренесе љубовта кон шахот?

Татко ми ја забележа мојата желба и умешност да играм логички и мемориски игри, а таква игра е и шахот. Тој сфати дека супер брзо ги решавам игрите сложувалки, меморија, па дури и поедноставните математички операции – собирање, одземање, множење и делење уште од многу мала возраст. Почнав најпрво да играм со дедо ми, па потоа и со татко ми, па потоа на компјутер. Но кога наставниците ми ги објаснија првите мајсторски потези и кога почнав да ги применувам при играње најпрво со моите другарчиња во клубот, а потоа и на турнирите против моите противници, тогаш вистински ја засакав таа древна игра. Но, морам да ја спомнам и големата подршка и љубов на моето семејство, мојата мајка Милица и мојот татко Димитар, со кои многу често патуваме заедно во блиски и далечни земји за да играм јас и мојата сестра близначка Ана. Таа исто така се натпреварува на шаховските турнири и е младински државен првак до 10 години и во два наврати вице-првак до 12 години во конкуренција на девојчиња.

Колку време професионално се занимаваш со шахот?

Веќе 5 години се натпреварувам на домашни и меѓународни турнири каде што имам освоено голем број на дипломи, плакети, медали  и трофеи, но и парични награди. Веќе втора година сум стипендист на Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

По колку часа на ден посветуваш во вежбање?

Два пати неделно тренирам во клубот по 2 часа. Додека дома работам во просек помеѓу 1 и 2 часа секојдневно. Пред позначајните натпревари тренирам и по повеќе од 4 часа дневно. Тренинзите ги одржувам најчесто под надзор на наставникот Орце Данчевски.

Имаш освоено многу награди и признанија, но можеш ли да издвоиш една како најзначајна?

Најважните натпревари за еден млад шахист се поидинечните младински државни првенства. Јас сум четирикратен државен првак и тоа, два пати во категорија до 10 години и два пати до 12 години. Но, мој најзначаен и најмил трофеј е трофејот за првак на училишниот натпревар на Општина Карпош во месец Април 2016 година, бидејќи тој е мојот прв трофеј - пехар, а што е многу интересно, тој е по димензии и најголемиот пехар во мојата витрина.

Како реагираат твоите другарчиња на твојата пасија?

Моите другарчиња се гордеат со мене и воедно многу се радуваат кога ќе забележам победа на некој турнир. Бидејќи голем дел од моите другарчиња се шахисти и јас се радувам на нивните успеси. Ние заедно тренираме и често учествуваме заедно на поединачни, но и на екипни натпревари каде доаѓа до израз и тимскиот дух. Се разбира, покрај победите неминовни се и поразите. По секој пораз тука се најблиските другарчиња да ме утешат.

Ги учиш ли твоите другарчиња да играат шах?

Секако. Не само што ги учам и им ги покажувам шаховските мајстории, туку и често им укажувам на големите придобивки од шахот. Кој игра шах, таа или тој подобро ќе размислува, помни, пресметува, побргу ќе донесува добри и правилни одлуки, полесно ќе ги претрпува поразите, поскромно ќе ги прославува победите и најважно од се ќе биде верна другарка или другар.

Дали најомилена играчка ти беше шахот?

Не. Најомилени играчки кога бев многу мал ми беа колички од разни познати марки.Втора најомилена играчка ми беше шахот.

Каде се гледаш за 10 години?

Што и да бидам по професија, за 10 години шахот ќе остане моја многу голема љубов и секако ќе се наоѓам често на таблата со 64 црно-бели полиња наспроти моите противници кои воедно ќе бидат и мои другарки и другари.

Ивана Мисајловска


 

https://hashtag.mk/ima-12-godini-i-neverojaten-talent-intervju-so-najuspeshniot-mlad-shahist-anton

Yahya Kemal High School Poster 2024
Yahya Kemal Elementary School Poster 2024

Latest News

YKC Logo Final Vector White Text Web

  • Yahya Kemal Colllege is a school located in Skopje, Republic of North Macedonia, established in November 1996.
  • It was established according to protocols signed between Yahya Kemal secondary schools and the Ministry of Education of the Republic of North Macedonia.
  • The school is named after Yahya Kemal Beyatli, a notable Turkish writer and poet who was born in Skopje.
  • The best Education, Science & Culture website award for 2020.

badge 1st place ykc edu mk

Connect With Us

Contacts

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)70 373 095

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)72 229 030
+389 (0)71 346 820

FAH 106, 1200 Bogovinje - Tetovo
+389 (0)71 386 342

Mislesevski pat bb - Struga
+389 (0)71 346 817

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)71 285 010

Yahya Kemal College
Subscribe to our updates!

Subscribe to our updates!

* required