MEDIA NEWS

DERBI.MK | Блесок на младите таленти: Возобновени младинските првенства во Скопје!

DERBI.MK | Блесок на младите таленти: Возобновени младинските првенства во Скопје!

Шаховскиот сојуз на Скопје викендов ги возобнови младинските првенства во стандарден шах за јуниорите од главниот град на Македонија, а на кои продефилираа над 80 учесници, поделени во шест старосни категории.

Првенствата се одржаа во репрезентативните простории на приватното основно училиште „Јахја Кемал“, кое меѓу другото се издвојува и по тоа што го воведе шахот во наставната програма, а дополнително се јавува и како организатор на други манифестации и натпреварувања за младинци од областа на природните и општествените науки. Помагатели на оваа манифестација беа повеќе македонски компании и организации, како „Лајонс Клуб Алфа“, „Вадра Продукт“, „Егнатиа“, „Ладна“ и „Жито Пром“.

– Како организатори на оваа манифестација се водевме од фактот дека во Македонија се организираат многу „опен“ турнири каде што сите играат во иста конкуренција, а за јуниорите е од суштествено значење да играат со противници кои се нивни врсници, за да можат да знаат дали и колку напредувале. Само државното првенство досега нудеше таква можност, па сега со градското првенство, јуниорите имаат уште еднаш шанса да си ги одмерат силите во древната игра, а притоа да се издигнуваат и како личности кои преку шахот ја развиваат логиката и концентрацијата, а го контролираат темпераментот. Дополнително, овој турнир треба за многумина да претставува и влез во шаховскиот свет, наместо директно да оди на државно првенство,- порача Ѓорѓи Миновски, претседател на Шаховскиот сојуз на Град Скопје.

Водејќи се од изедначените резултати во најбројните конкуренции кај јуниорите од 8 и од 10 години, се наговестува голем натпреварувачки дух за натамошни дуели, што ултимативно би донело и поголем квалитет во макдонскиот шах во иднина. Така, меѓу најмладите до 8 години, делбата на врвот меѓу Никола Петровски и Даниел Стефановски со по 4,5 бода од 5 партии е само вовед во приказната за големата изедначесност која следува од 3 до 5 место каде што Матеј Калин, Благоја Миновски и Павел Крстевски имаат по 4 бода. Исто така, кај јуниорите од 10 години, тројца шахисти беа на врвот со по 4,5 поени: Кирил Николовски, Игор Александар Спасов и Андреј Калин, со Дончо Сеизов на четвртото место со само половина поен помалку.

Веќе во категоријата до 12 години постои издвојување на Антон Златков, кој беше единствен на турнирот со максимални 5 бода, додека зад него со по 3,5 се Ѓорѓи Цветковски и Никола Павковски.

Поради помал број на играчи кај највозрасните старосни категории, јуниорите од 14, 16 и 18 години играа заедно, но беа прогласени посебно. Леонид Петрески е најуспешен во категорија до 14 години со 4 бода, пред Дино Табаковски со 3,5 и Стефан Ќосев со 3 бода. Андреј Вељановски немаше конкуренција во категоријата до 16 години, но воедно беше најуспешен на целиот турнир за младинците со 4,5 бода од 5 партии. Во конкуренција до 18 години Лазар Петровиќ е прв со 4 бода, Миле Костески е втор со 3,5, а Дарко Милев е трет со 3 бода.

Речиси во сите категории беа прогласени и најдобри шахистки, а редоследно според старосните категории таа листа е следна: Исидора Лукановска (У08), Делфина Огњановска (У10), Ана Златкова (У12), Михаела Зрмановска (У14) и Јована Лазарова (У16).

Како медиумски покровител на настанот, спортскиот портал „Дерби“ објави избрани фотографии од првиот и од вториот ден на турнирот.

Следна активност на Шаховскиот сојуз на Град Скопје е организацијата на Отвореното првенство за сениори, кое ќе се игра од 6 до 12 декември.


https://derbi.mk/fotogalerija-gradsko-prvenstvo-vo-standarden-shah-za-mladi/

https://derbi.mk/fotogalerija-mladinsko-prvenstvo-na-grad-skopje-2019/

https://derbi.mk/blesok-na-mladite-talenti-vozobnoveni-mladinskite-prvenstva-vo-skopje/

Yahya Kemal High School Poster 2024
Yahya Kemal Elementary School Poster 2024

Latest News

YKC Logo Final Vector White Text Web

  • Yahya Kemal Colllege is a school located in Skopje, Republic of North Macedonia, established in November 1996.
  • It was established according to protocols signed between Yahya Kemal secondary schools and the Ministry of Education of the Republic of North Macedonia.
  • The school is named after Yahya Kemal Beyatli, a notable Turkish writer and poet who was born in Skopje.
  • The best Education, Science & Culture website award for 2020.

badge 1st place ykc edu mk

Connect With Us

Contacts

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)70 373 095

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)72 229 030
+389 (0)71 346 820

FAH 106, 1200 Bogovinje - Tetovo
+389 (0)71 386 342

Mislesevski pat bb - Struga
+389 (0)71 346 817

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)71 285 010

Yahya Kemal College
Subscribe to our updates!

Subscribe to our updates!

* required